Во Скопје во петок гостува Шпанија, светскиот првак е фаворит во овој мундијалски квалификациски натпревар, еден од најмладите во нашиот состав, Теодор Симиќ најави борбена игра, и максимално ангажирање.

„Се надевам дека ќе одиграме добар натпревар, треба да одиграме борбен меч, ние сме максимално мотивирани против Шпанија и ќе се потрудиме да го дадеме најдоброто од себе, нема предавање.“ – изјави Симиќ.

Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија се игра в петок со почеток од 19:30 часот.