Српската кошаркарска репрезентација започна со подготовките за Светското првенство во Кина, а на денешниот собир во Белград се зборуваше и на други теми.

Во центарот на вниманието беше капитенот Милош Теодосиќ на нашиот северен сосед кој неодамна потпиша за италијанскиот Виртус од Болоња.

Долго време се зборуваше дека може да ја засили Црвена Звезда, пред се поради настапот на оваа екипа во Евролигата, но искусниот плејмејкер демантира дека имало какви било шанси за тоа, не по негова вина.

„Излегов лош, како да не сакам да дојдам во Црвена Звезда, но никаков контакт немаше со раководството на клубот. Од медиумите дознав дека постои интерес и потоа навивачите ме нападнаа. Дали беше реално или не,воопшто сега тоа не е важно.Навистина ми е жал,што се испадна вака. “ изјави Теодосиќ за српските медиуми.