Српскиот кошаркарски интернационалец Милош Теодосиќ во голем стил се врати на кошаркарските терени по повредата поради која го пропушти Светското првенство во Кина. Популарниот Тео своето деби го имаше во својот нов клуб Виртус Болоња која славеше над Венеција во рамки на Италјанската прва кошаркарска лига.с

Во првото полувреме Теодосиќ беше неверојатен, имаше само едно промашување за тројка, а постигна вкупно 17 поени за само 10 минути игра. Сите останати негови соиграчи заедно уфрлија 18, а Виртус губеше со 35-39.