Екипата од скопската населба Тафталиџе. ТФТ сигурна и против Куманово 94:88, ова е четврта во низа во домашното првенство.

Во Куманово , екипата на ТФТ доминираше и преку расположените Лахланд Андерсон кој мечот го заврши со 21 поен и  Тај Харис со 20 поени и 6 асистенции стигна  до триумф.

Кај екипата на Куманово  Кори Рејли-Рос со 18 поени најефикасен поединец додека  Александар Андрејевиќ запиша  дабл-дабл учинок од 16 поени и 13 скока.