Четири натпревари од 3 коло во кошаркарската Прва лига беа одиграни денеска ширум државава. Во дербито на колото ТФТ го совлада Куманово со 85:68.

Ѓорѓијевиќ со 20 поени и 9 скокови беше најрасположен во составот на Киманово, кај ТФТ одлична партија од Хортон и неговите 20 поени и 10 скокови, како и од Леонард кој постигна 18 поени и 5 скокови.

Претходно, ФМП Академија славеше кај Кожув со 76:69 предводен од Крстајиќ и неговите 18 поени 7 скокови и 4 асистенции.

Работнички со пресврт го совлада Ангели со 86:69, најекасен во победничкиот тим беше Емерсон со 21 поени, кај поразените се издвои Мандерсон со 22 поени и 4 скокови.

Гостивар дојде до втората овосезонска победа откако го совлада МЗТ Скопје Уни Банка со 92:67. Американецот Ворку со 19 поени 8 скокови и 6 асистенции беше најдобриот во победничкиот тим а воедно и на дуелот.