Кошаркарите на ТФТ продолжија во победнички ритам во новата 2021 година. Откако беа успешни во Лигата на Балканот, „црно-белите“ од Тафталиџе стигнаа и до голема првенствена победа, на гостувањето во Кавадарци. беа подобри од Еуро Никел 2005 со резултат 79-86.
Данило Мијатовиќ со 18 поени и 6 скока се истакна на средбата, додека Соколов со 17 поени и 13 скока беше втор најдобар поединец кај поразениот тим. Во составот на ТФТ се истакна Тај Харис со 16 поени, 13 скока и 7 асистенции.
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 11.КОЛО
Академија ФМП – Работнички 75:69
Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром 88:85
Гостивар – МЗТ Скопје Уни Банка 78:62
Еуро Никел 2005 – ТФТ 79:86
НЕДЕЛА:
17.00: Црн Дрим Грин мобиле – Кожув
ПОНЕДЕЛНИК:
17.00: Куманово 2009 – Вардар
Comments are closed for this post.