Македонија утре против Естонија ги отвора квалификациите за пласман на ЕП во 2021 година, а на само 24 часа пред почетокот на дуелот селекторот  Александар Тодоров, го скрати списокот на 12 играчи.

Од конкуренција за настап на дуелите против Естонија и Русија отпаднаа младите кошаркари Виктор Ефремовски, Филип Бакоч и Марко Миловановиќ.

Натпреварот против Естонија се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20:15 часот, а неколку часа по дуелот со авионски лет се патува за Перм каде следи вториот дуел со „зборнаја“.