Селекторот на Македонија, Алекандар Тодоров не го криеше незадоволството по поразот од Естонија во 1 коло од квалификациите за ЕП 2021.

„Сигурен сум дека во Естонија да победиме со десет поени разлика. Ние можеме да се тешиме со тоа што го одигравме во второто полувреме, но кошарка се игра цел меч. Во втората четвртина бевме без идеја, немавме контрла над играта, форсиравме на шут. Тие играа агресивно како да се домаќини а ние гости. Не може да играме на домашен терен, пред толку публика а да оставме Естонија да се чуствува како да е во своја сала.“ – изјави селекторот на Македонија, Александар Тодоров.

Македонија во следното коло од евроквалификациите ќе игра против Русија на гостински паркет на 23 февруари во Перм.