Селекторот на Македонија, Алекандар Тодоров мораше да се помири со вториот пораз по две кола во Евроквалификациите, откако во Перм Русија не надигра со 77:76.

По мечот, Тодоров потврди дека има подобрување на игра во однос на она што го прикажавме со Естонија но тоа не беше доволно за победа.

„Ги затворивме добрите страни на Русија, споредено со она што играа со Италија. Ние сме репрезентација на која системот ѝ се базира на шутеви за три. Потребни ни беа само три тројки за да имаме подобар резултат. Кошарката беше спорт број еден во Македонија, сега тоа е ракометот. Се бориме да се вратиме на врвот, луѓето дојдоа, нè поддржаа со Естонија и мислам дека го препознаа тоа“. – изјави селекторот Алекандар Тодоров.

Во третото коло од евроквалификациите, Македонија ќе и гостува на Италија, натпреварот е закажан за 27 ноември оваа година.