Македонската машка кошаркарска репрезентација утре во „Борис Трајковски“ ќе ја пречека Естонија во воведниот натпревар од евроквалификацискиот циклус за пласман на ЕУРО 2021.

Селекторот Александар Тодоров потврди дека подготовките поминале во посакуваниот ритам иако има неколкумина играчи кои имаат ситни повредени.

„Влегуваме во последните неколку часа пред првиот натпревар. Она што можам да го истакнам како промена од тогаш е дека одработивме еден циклус, осум тренинга и еден пријателкси натпревар. Нешто што особено ме прави задоволен е што сме комплетирани веќе одамна така што успеавме да ги поставиме работите кко што треба, да го организираме тоа што сакаме да биде наш стил на игра. Од тој аспект сум задоволен. Имавме мали проблеми, особено по ријателскиот натпревар со Гостивар, некаква вироза која оддалечи некои кошаркари од тренажен процес. Имаме некои ситни повреди, но нашиот медицински штаб тврди дека ќе бидат подготовени и за нашиот вечерен тренинг.“ – изјави селекторот Александар Тодоров.

Натпреварот меѓу Македонија и Естонија ќе се игра утревечер со почетокот од 20:15 часот.