Нова трагедија го потресе спортскиот свет. Кошаркарот на италијанскиот третолигаш Фортитудо од Месина во тек на наспревар се сруши на терен и почина кратко после тоа откако го однесоа во болница.

Хаител Џабеур Фаталах имал 32 години и цела кариера ја минал по италијанските нисколигаши.

Во текот на мечот од Серија Ц Голд против Диере Реџија, Фаталах колабилар и останал без свест. На паркетот втрчаа лекари од трибините и се обидоа да му пружат помош на лице место, но сфаќајќи ја сериозноста на состојбата барале да се однесе во болницата во Реџо Калабрија.

На пат до болницата во ниту еден момент не дошол до свест, а починал набрзо после тоа.

Во текот на кариерата има тој собра на 250 професионални настапи. ВО Месина играше од сезоната 2016/17.