Македонија оваа сезона ќе дебитира во во женската кадетска конкуренција на Јадранот, откако за учество во WABA лигата се пријавија екипите на Вардар, Бадел 1862 и Крива Паланка.

Учество во лигата ќе земат 20 женски кадетски екипи од просторите на поранешмна Југославија, а трите македонски екипи ќе бидат во групата „Д“ заедно со црнагорските екипи  Будуќност Бамекс и Приморје.

Планирано е одигрување на три круга-турнири. Стартот е  предвиден за 25. октомври, следниот за 29. ноември, а завршниот на 20. декември.

Во улога на домаќин на првиот собир во Скопје ќе бидат екипите на Вардар и на Бадел 1862, а на вториот е екипата на Крива Паланка. Последниот ќе се одржи во Подгорица, по што следува втората фаза од шампионатот.

Согласно со пласманот во првиот круг, ќе се формираат нови натпреварувачки групи во кои ќе бидат пренесени бодовите од првата фаза.

Најдобрите четири екипи во оваа возрасна категорија (кошаркарки родени 2004 година и помлади), на 24. и 25. април, 2021 година, ќе бидат учесници на завршниот турнир-„Фајнал-фор“.