Кошаркарите на Работнички се изборија за третата победа во низа во новата сезона во домашното кошаркарско првенство откако го совладаа Кожув со 95:84.

Кирил Николовски беше најефикасниот играч во редовите на Работнички со 22 поени, за Кожув се издвои Максвел со 22 поени.

Следен предизвик за КК Работнички и АБА 2 турнирот во Златибор каде ќе учествува и екипата на МЗТ Скопје Аеродром.

На вториот натпревар одигран денеска Академија ФМП го совлада Куманово со 91:89.