Претседателот на Турската кошаркарска федерација, Хидајет Туркоглу, испрати порака до КФСМ околу одлуката сезоната во кошаркарката во Македонија да не се доигра. Перо Антиќ, заедно со соработниците, ставија крај на шампионатот на Македонија поради пандемијата со коронавирусот.

„Честитки до мојот драг пријател Перо Антиќ и сите негови соработници во федерацијата на Македонија за донесената одлука да се прекине првенството. Тоа значително ќе помогне да се сочува здравјето на играчите. Се наоѓаме во специфично време во кое коронавирусот е непредвидлив, па затоа ваквите одлуки се потребни за да се спречи негово ширење и заканување по здравјето на сите спортисти. Здравјето е приоритет во вакви вонредни ситуации, надевајќи се дека набрзо ќе се вратиме во нормален тек на животот“ – гласи пораката на легендата на турската кошарка.

По оваа одлука е јасно дека Македонија сезонава нема да има шампион, а притоа нема да има и испаѓање од друштвото на најдобрите.