Македонската кошаркарска репрезентација во арената во Талин го одржа првиот тренинг во комплетен состав пред претстојните квалификациски пресметки со Италија и Естонија.

Селекторот Александар Тодоров за прв пат на располагање ги имаше сите повикани кошаркарки, откако на таборот се приклучија и Војдан Стојанвски и Џејков Вајли.

Првите впечатоци на најновото американско засилување на „црвено – жолтите“ се дека Македонија е борбен тим, кој е спој на младост и искуство.

„Го одржавме првиот тренинг и имав прилика да се запознаам подобро со тренерите и со соиграчите. Тимот е составен од искусни репрезентативци, но и од млади талентирани играчи желни за докажување што ми се допаѓа. Ова е борбен тим, тоа е очигледно. Верувам дека тренерот ќе не постави за да постигнеме успех. Верувам дека физичката состојба во тимот е добра, но и дека ќе се подобри во наредните денови. Имаме две многу тешки натпревари против екипи со многу талент, затоа верувам дека нашиот напор и тимска работа ќе бидат клучот во натпреварувањето на овие мечеви со Италија и со Естонија“, изјави Вајли за официјалниот сајт на КФМ.