„Црвено-црните“ беа подобар ривал од Црн Дрим Грин Мобиле, запишаа победа в оСтруга на гости со 81:68, за Вардар ова е втора победа во сезоната.
Виктор Ташовски го одигра својот најдобар прволигашки натпревар, постигна 25.поени (реализација од игра 11/12), Провел се разбуди во второто полувреме и дојде до стандардни 20. реализации. Крстевски имаше 12, а Дујковиќ два помалку кај Вардар.
Кај Црн Дрим Грин мобиле, најефикасен беше Клусен, стрелец на 19.поени, додека уште три играчи финишираа со десет поени, Арсовски, Мек Брајд и Жоао Марсело,
ПРВА ЛИГА – МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 12. КОЛО
Црн Дрим Грин Мобиле – Вардар 68:81
Куманово 2009 – ТФТ во тек
18.00: Гостивар – Академија ФМП
Сала „Младост“ – Гостивар
18.30: Пелистер – Кожув
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
ПРЕТХОДНО ОДИГРАН НАТПРЕВАР
Еуро Никел 2005 –МЗТ Скопје Уни Банка 90:79
МЗТ Скопје Аеродром – Работнички одложено
Comments are closed for this post.