Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија на ЕП во Романија, дивизија Б, вечерва ќе играат со Израел за влез во финалето и пласман во А-дивизијата.

Победа против Израел ни гарантира прогрес во А- двизијата, нашите јуниори на овој континентален собир досега импресионираа со играта, покажаа дека имаме убава кошаркарска иднина. Јуниорите на ова првенство немаат пораз и со право веруваме во пласман во финалето.

Дуелот за пласман во финалето со Израел се игра од 19-45 часот, доколку загубиме ќе играме за третото место кое исто така носи пласман во елитната дивизија во оваа возрасна конкуренција.