Раководствот на АБА 2 лигата ги потврди термините и датумите за натпреварите од третиот „балон“ кој ќе се одигра од 1 до 7 март во Босна и Херцеговина.

Дуелот на македонските ривали МЗТ Скопје Аеродром и КК Работнички од осмото коло од АБА 2 ќе се игра на 3 март во невообичаен термин од 11 часот.

Во 9. коло, на 5. март, екипата од Аеродром ќе игра со црногорски Ловќен 1947 (од 12 часот), додека пак Работнички го чека дуелот со уште еден претставник од Црна Гора, екипата на Сутјеска од Никшиќ (средбата стартува во 16.часот). На 7 март од 12.часот, Работнички ќе игра против Широки, додека пак два часа подоцна, од 16.часот, МЗТ Скопје Аеродром ќе игра против Младост.