Своевремено еден од најдобрите бекови во НБА лигата Џо Џонсон следната сезона ќе го носи дресот на Детроит Пистонс. Како што јауваат американските медиуми Џонсон потпишал договор на една година.

Џонсон во минатото настапуваше за Аталанта каде се афирмираше, потоа во  Бруклин каде беше дел од големата тројка со Кевин Гарнет и Пол Пирс, а последна дестинација му беше Хјустон Рокетс.

38-годишниот Џонсон е 7 кратен Ол Стар играч, а со селекцијата на САД го освои бронзениот медал на СП во Јапонија во 2006 година.