Регионалната кошаркарска АБА лига ги претстави десетте најдобри потези за сезоната што заврши во април, а која беше затворена со шампионската титула за белградска Црвена Звезда.

„Црвено-белите“ во финалната серија на регионалното натпреварување со 3-2 во победи славеа над Будуќност од Подгорица.

Најдобриот од 10-те потези кои ја одбележаа сезоната е на играчот на Звезда, Бориша Симаниќ кој во финалето со Будуќност за неколку секунди подели „банана“, па на спротивниот крај на теренот на асистенција на Човиќ стигна да поентира со забивање.

Во продолжение погледнете ги најдобрите десет потези за изминатата сезона.