Шпанската АЦБ кошаркарска лига објави видео-компилација со најдобрите потези на македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ.

Младиот Димитријевиќ одигра одлична сезона во дресот на Хувентуд а од АЦБ лигата  велат дека неговото креативно лудило уште долго ќе се прераскажува.