Најдобриот кошаркар на Милвоки, Јанис Адетокумбо мината вечер го одигра еден од послабите мечеви во последната година на дуелот против Бостон на кој најтрофејната франшиза славеше.

Покрај поразот Јанис се посрамоти при изведување на слободни фрлања на кои не успеа да дофрли до кошот што предизвика смеја и кај фановите во „ТД Гарден“ арената.

 

Милвоки овој дуел го загубија со 116 -105 и покрај тоа што во еден момент имаа предност од 19. поени.