Австралија и го нанесе првиот пораз на селекцијата САД по 55 години во меѓусебните дуели откако во Мелбурн победи со 98-94, втор подготвителен меч пред Мундијалот во Кина.

„Кенгурите“ постигнаа неверојатни 50 поени во второто полувреме и заслужено стигнаа до победа.

Херој кај Австралија беше Пети Милс кој постигна 30. поени и ја прекина серијата на порази својата земја од 26 меча во низа која започна во 1964 година.

Натпреварот се одигра во Мелбурн пред 52.000 гледачи на стадионот „Марвел“.

Американците пред настапот на СП во Кина ќе одиграат уште еден меч со Канада.