Супер кошаркарските ѕвезди, репрезентативците на САД ја запишаа првата победа на Олимписките игри во Токио. Резултатот и повеќе од убедлив, тие беа подобри од Иран со речиси двојно поени повеќе, односно 120:66.

Момците на Гред Попович, од првата минута покажаа кој е кој и доминиараа чел меч. По првата четвртина Американците водеа со 28:12, а на полувремето заминаа со 60:30, односно +30.

Во текот на третата четвртина водството на Американците се зголеми на 44 поени, а предноста растеше како минуваше времето до конечно 54 поени разлика, односно 120-66.

Дамиен Лилард беше најдобар во екипата на САД со 21 поен, додека најефикасен кај Иран беше Хамед Хадади со 15 поени.