И покрај бројните неволји и порази на припремите, па и поразот на стартот од турнирот до Франција, американските кошаркари во Токио дојдоа до фианелто, па во недела ќе се борат за четвртото олимписко злато по ред.

Во полуфиналето уверливо ја победија Австралија со 97:78, истиот оној противник кој ги победи на подготовките во Лас Вегас, кога американците беа невоиграни и некомплетни.

Иако Австралијанците добро го отворија мечот и брзо направија осум поени предност, на средината на другата четрвртина и најголеми +15, Американците до паузата разликата ја намалија на само три поени, а потоа во третата четвртина го решија мечот. По минута и пол во второто полувреме го преземаа водството и крајот на мечот само го зголемуваа.

Кевин Дурант постигна 23 поени и девет скокови, а а најголема поддршка му беа три играчи кои не беа дел од припремниот пораз од Австралија, затоа што играа НБА финале. Дени Букер постигна 20 поени, а Крис Мидлтон и Џру Холидеј по 11 поени.

Кај Австралијанците најдобар беше Пети Милс со 15 поени и 18 асистениции, Данте Ексум постигна 14 поени, а Џок Ландал 11 поени.

Во другото полуфинале од 13 часот по македонско време Лука Дончиќ и Словенија играат против Франција.

Австралија трет пат по ред на големо натпреваруње ќе игра натпревар за трето место, откако бронзата им избега од раце на Олимписките игри во Рио 2016-та и на Светското првенство во Кина во 2019-та година.