Екипата на Анадолу Ефес обезбеди пласман на фајналфор турнирот од Евролигата во Келн, тимот од Турција во мајсторката против Реал Мадрид запиша победа со 88-83, и со 3-2 во победи стигна до завршниот турнир во Келн.

Крис Синглтон со 26 поени најдобар поединец, Мициќ запиша 18, а со двоцифрен ефект беше и Симон кој мечот го заврши со 17 поени за турската екипа.

Лапровитола со 17 поени беше најефикасен во составот на Реал Мадрид.