Баерн Минхен направи голем камбек, обезбеди продолжение во натпреварот а потоа и победа, па ја освои титулата во германското првенство, откако се радуваше на триумф над Алба со 93-88. Со оваа победа и вкупни 3-0 во финалната серија, Баерн стигна то втората последователна титула.

Најдобар поединец во тимот на Баерн вечерва беше Владимир Лучиќ, кој постигна 23 поени, вклучувајќи ја и тројката со која го обезбеди продолжението. Меѓу останатите, Нихад Џедовиќ постигна 18, додека Бартел натпреварот го заврши со 15 поени. Во редовите на Алба, најрасположен беше Пејтон Сива со 21 поен.