Легендарниот Чарлс Баркли имаше можност во својата кариера многу пати да игра против според многумина најдобриот на сите времиња Мајкл Џордан.

Во екот на документарецот „Последен Танц“ се зголеми бројот на коментари за тоа дали Џордан е најдобриот и дали некој бил барем блиску до неговото ниво.

На тоа прашање поранешниот кошаркар на Феникс и Хјустон изјави дека Брајант е најблиску до левелот кој го имаше „Ем-Џеј.“

Никогаш нема да кажам ништо лошо во врска со Леброн Џејмс, но најблиску до Мајкл е Коби Брајант. Под тоа мислам на човек кој има единствена визија, сакам да победам. Не сум загрижен што мислат моите соиграчи. Не сум загрижен за тоа што мисли тренерот. Само сакам да победам. Според мене Мајкл е „GOAT“ (Најголем на сите времиња). За Леброн секогаш сум велел дека е поблиску до Меџик Џонсон отколку до Џордан“ -истакна Баркли.