Извонредна ноќ во НБА лигата, блесна Демиен Лилард кој запиша 40 поени и 13 асистенции за триумф на Портланд против Сакраменто со 132-126.

Лилард за 42 минути минати на паркетот беше најистакнат поединец кај Портланд, статистиката вели дека имаше 11/23 шутеви од игра, со шест  тројки и супер прецизен, 12/12 од линијата за слободни фрлања.

Блесна и Лука Дончиќ кај Далас, Словенецот за една асистенција не стигна до трипл-дабл, запиша  24 поени и 13 скока на што придодаде и 9 асистенции, неговиот тим славеше против Шарлот на гости со 104-93. Тренерот на Далас, Рик Карлајл стигна до 800 победа во кариерата.

ЛА Лејкерс  предводени од  Леброн Џејмс стигнаа до седма едно по друго победа на гости сезонава,ја победија Оклахома сп 128-99, Џејмс постигна 26 поени.

Резултати:

Њујорк – Бруклин 109:116, Детроит – Милвоки 101:110, Минесота – Мемфис 107:118 и ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 111:106.