Мајами поведе против Бостон со 1-0 во финалето на Источната конференција, славеше победа по продолжението со 117-114.

Момент на мечот и веројатно еден од најубавите во плејофот сезонава е блокадата на Адебајо. Резултатот на семафорот гласеше 116-114 за Мајами, Тејтум беше во продор и позиција за забивање, но Адебајо едноставно го „залепи“ со блокада и спречи израмнување.