Кошаркарите на Јуна славеа против Денвер со 127:120, во натпревар на кој Богдановиќ постигна 48 поени, што е личен рекорд за ѕвездата на „Џезерите“.

Богдановиќ покрај 48 поени, запиша и осум скокови, за поразени Јокиќ постигна 24 поени, 13 аситенции и девет скокови, најефикасен беше Портер со 31 поен.

НБА резултати: Филаделфија – Њу Орлеанс 109:107, Чикаго – Бостон 121:99, Шарлот – Орландо 122:112, Мајами – Минесота 121:112, Милвоки – Минесота 141:133, Далас – Кливленед 110:90, Јута – Денвер 127:120, Феникс – Њујорк 128:105, Портланд – ЛА Лејкерс 106:101, Сакраменто – Сан Антонио 104:113.