Бекот на Сакраменто Кингс, Богдан Богдановиќ ја игра најдобрата кошарка во својот живот. Србинот на СП во Кина беше во идеалната петорка и беше најдобар стрелец на тој турнир со просек од 21 поен по натрпевар.

Тоа што го одвојува Богдановиќ од повеќете кошаркари е работната етика, а тоа може да се виде на следното видео на кое Богдановиќ по тренингот останува уште неколку часа и индивидуално тренира.

Богдановиќ оваа сезона се очекува да биде еден од најдобрите стрелци за тимот од Калифорнија кој по подолго време има талентиран тим со кој ќе можат да атакуваат на плејофот, иако на Западот конкуренцијата е жестока.