Јута го совлада Хјустон со 113:112 во дербито на Западот минатата ноќ во НБА лигата. Џејмс Харден оствари трипл-дабл со 28 поени 10 скокови и асистенции додека Вестбрук средбата ја заврши со 39 поени но и ова не беше доволно за „Рокетс“ да избегнат пораз.

Натпреварот го реши Бојан Богдановиќ со тројка од девет метри по последната секунда од средбата.

НБА резултати:

Хјустон – Јута 113:114, Кливленд – ЛА Клиперс 92:133, Портланд – Мајами 115:109, Атланта – Њујорк 140:135 (П), Филаделфија – Чикаго 118:111, Вашингтон – Мемфис 99:106.