Кошаркарите на Бостон Селтикс успеаа да го победат ЛА Клиперс по две продолженија со 141:133 во еден од двата натпревари одиграни во НБА лигата.

Најзаслужен за триумфот на Селтикс беше Џејсон Тејтум кој постигна 39 поени и 9 скокови. Маркус Смарт средбата ја заврши со 31 поени а Хејворд постигна 21 поени и 13 скокови. Кај поразените Ленард се издвои со 28 поени и 11 скокови.

Оклахома на гостувањето кај Њу Орлеанс победи со 123:118. Галинари со 29 поени го предводеше тимот на Тандер до првата победа на последните три натпревари.