Најдобрата екипа во НБА лигата, Бостон запиша нова, десета победа во сезоната откако славеше над Голден Стејт со 105-100.

Бостон по воведниот пораз во првенството, има неверојатен скор од девет победи во низа, со тоа е најуспешна екипа во лигата.

Вкупно четворица кај Бостон имаа двоцифрен поентерски ефект на мечот, најефискасен беше Татум со 24, го следеа, Браун со 22, Вокдер со 20 и Смарт со 15 поени.

Резултати:

Шарлот – Детроит 109-106

Орландо – Сан Антонио 111-109

Минесота – Вашингтон 116-137

Хјустон – Индијана  111-92

Оклахома – Филаделфија 127-119(продолжение)

Лејкетси – Сакраменто 99-97

Мемфис Јута 107-106