Во дербито на вечерта, ЛА Лејкерс на домашен терен беа совладани од Бостон  со 121-113. Актуелниот првак во НБА-лигата во еден момент имаше и негатива од 27 поени, но на крајот успеа да се избори за пристоен пораз.
Браун имаше феноменална партија, постигнувајќи  40 поени и 9 скока, на другата страна Хортон и Такер имаа по 19 поени.

Кај Лејкерс Такер со 19, и Марк Гасол со 18 поени беа најзабележителни.

 

 

Стеф Кари одигра уште еден одличен меч, постигна 30 поени во победата на Голден Стејт над Кливленд од 119-101. Покрај него добра партија пружи Вигинс со 23 поени.

 

Во преостанатите два натпревари Атланта-Милвоки 109-120 , Феникс-Сакраменто 122-114.