Кошаркарите на Бруклин и на Орландо го обезбедија своето место меѓу тимовите кои оваа сезона ќе разигруваат за титулата во НБА лигата.

Бруклин со победата над Сакраменто од 119:106, успеа втора година по ред да избори пласман во плеј-офот.

Леверт со 22 поени беше најдобриот во победничкиот табор, за Сакраменто се издвои Богдановиќ со 27 поени.

Орландо втора година по ред ќе разигрува на титулата благодарание на триумфот над Филаделфија од 108:101.