Кошаркарите на Бруклин ја запишаа осмата победа во низа во НБА лигата откако славе против Орландо со 129:92 во натпревар на кој Ирвиг и Харден заедно постигнаа 47 поени. За Орландо се издвои Вучевиќ со 28 поени и 12 скокови.

Изненадувачки пораз за ЛА Клиперс од Мемфис 122:94, Далас загуби од Филаделфија со 111:97, Дончиќ застана на 19 поени.

Своја вечер немаше и Денвер по поразот од Вашингтон од 110:112, Јокиќ постигна 24 поени и 11 асистенции.

На останатите два натпревари: Милвоки – Њу Орленас 129:125 и Њујорк – Сакраменто 140:121.