Сан Антонио Спарс го победија актуелниот шампион пред полната „Скотјабенк“ арена, по враќањето на Паскал Сиакам од повреда.

Уште еден повратник беше и Демар Дероузан, кој ја сруши својата поранешна екипа со 25 поени, 8 скока и 4 асистенции.

Статистиката на Дероузан на овој натпревар и не беше толку интересна, колку монструозното забивање над младиот Крис Буше.

Во последната минута од натпреварот се влезе со нерешен резултат 100:100, но Спарси успеаа да дојдат до водство од +4 на 9 секунди до крајот.

Лаури погоди тројка, Олдриџ промаши едно слободно фрлање, додека Сиакам не погоди тројка за победа на крајот од мечот.

Покрај Дероузан, најефикасен во Сан Антонио беше ветеранот Руди Геј, кој постигна 15 поени, додека на спротивната страна се истакна Серж Ибака со 21 поен и 14 скока.