Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња во деби настапот за Портланд Треил Блејзерс го имаше потегот на вечерта. Портланд во рамки на предсезоната загубија од Денвер Нагетс, а Хезоња за 20 минути игра уфрли 12 поени од кој два од тие поени беа остварени по спектакуларно забивање, потег кој беше награден со аплауз и од кошаркарите на Денвер.

Сезоната во најсилната кошаркарска лига започнува на 22 октомври со мечот меѓу шампионот Торонто и Њу Орлеанс.