Далас запиша победа против Бруклин со 113-109, Лука Дончиќ беше најистакнат поединец во победничката екипа.

Словенецот со 24 поени, 10 скока и 8 асистенции повторно беше најдобар играч кај Далас, покрај Дончиќ се истакна Хардавеј кој беше втор стрелец со 23 поени а двоцифрен беше и Смит со 17.

Ирвинг блесна кај Бруклин, со 45 поени беше најефикасен на мечот, но тоа беше недоволно неговиот тим да го избегне поразот.

Резултати: Шарлот – Чикаго 99-120, Торонто- Вашингтон 129-131,Детроит -Мемфис 111-97, Индијана -Атланта 133-126, Голден Стејт -Оклахома 118-97 и ЛА Клиперс-ЛА Лејкерс 118-94.