Лука Дончиќ со своите 21.година веќе од сега претендира да стане најдобриот Европјанин на сите времиња во НБА, а повеќе пати изјави дека негов сон е да стигна до шампионскиот прстен во најсилната кошаркарска лига на светот.

За такво нешто неговиот Далас, треба додатно да се засили, а според новинарот Зек Бакли, прва желба на екцентричниот сопственик Марк Кјубан е Богдан Богдановиќ кој на лето ќе биде слободен агент.

Сепак, за овој потег најмногу се прашува генералниот менаџер на Кингс, Владе Дивац, кој има можност да му понуди максимален уговор на својот бек шутер.