Лука Дончиќ со 24 поени, 14 скокови и 8 асистенции го предводеше Далас до победата над Мемфис од 138:122 и со ова Маверикс се искачија на третото место на табелата во Западната конференција.

Хјустон го имаше расположениот Харден и неговите 42 поени и 10 скокови во победата над Чикаго од 117:94.

Оклахома го совлада Голден Стејт со 114:108 а Њу Орленас беше подобар од Шарлот со 115:110.