Далас Маверикс повторно на крилата на Лука Дончиќ успеа да стигне до голема победа од 133:103 на гостувањето кај Голден Стејт во рамките на НБА лигата.

Единственото водство кое го имаа Вориорс беше во првиот период кога имаа позитива од 12:11. Потоа имаше и серија од 25:0 на Далас, кои покажуваа дека се подготвени да го демолираат противникот. Највисоката предност која ја имаа Маверикс беше во последниот период кога водеа со 43 разлика.

Како што и се очекува повторно најефикасен кај Далас беше Лука Дончиќ со 39 поени, а кај Голден Стејт најдобар беше Стеф Кари со 27 поени.

Останати резултати од НБА ноќта:

Бостон – Оклахома 115-119

Шарлот – Милвоки 104-114

Индијана – Портланд 112-133

Торонто – Бруклин 103-116

Хјустон – Минесота 107-114