Далас го победи Мемфис со 102-92, победата не беше доведена во прашање во ниту еден момент, тимот на Лука Дончиќ во сите периоди имаше предност, освен во последниот (26:13, 28:23, 27:26, 21:30)

Словенецот, кој во недела ќе наполни 22 години, средбата ја заврши со 21 поен, за Дончиќ ова е прва средба под 25 поени, на претходните 14 натпревари секогаш имаше ефект од најмалку 25 по натпревар. Најефикасен беше Хардавеј со 29 поени.