Кошаркарите на Далас славеа против Торонто со 114:110 и со ова го обезбедија пласманот во плејофот во НБА лигата, додека пак Репторс ги загубија шансите за доигрувањето.

Дончиќ и покрај лошиот шутерски ден, и седумте промашени тројки од осум обиди, мечот го заврши со 20 поени 10 скокови и 11 асистенции.

Денвер славеше кај Детроит со 104:91 и го потврдија третото место на Западот. Никола Јокиќ натпреварот го заврши со 20 поени 15 скокови и 11 асистенции.

НБА резултати: Вашингтон – Кливленд 120:105, Детроит – Денвер 91:104, Оклахома – Јута 93:109, Филаделфија – Орландо 122:97, Далас – Торонто 114:110, Хјустон – ЛА Клиперс 122:115, Мемфис – Сакраменто 107:106, Голден стејт – Њу Орлеанс 125:122.