Кошаркарите на Феникс славеа победа над Лос Анџелес Клиперс со 104:103 на свој терен во вториот натпревар од финалето во Западната конференција.

До победата стигнаа со забивањето на Деандре во самиот финиш на натпреварот.

Ејтон мечот со заврши со дабл-дабл учинок од 24 поени и 14 скокови, Камерон Пејн беше најефикасен со 29 поени и 9 асистенции, додека Девик Букер запиша 20 погодоци.

Кај Клиперси се истакна Пол Џорџ со 26 поени, а Реџи Џексон му помогна со 19 поени.

Финалната серија на Западот се сели во Лос Анџелес, а третиот натпревар е на програмата во четврток.