Џејмс Харден со Бруклин ја запиша првата победа во новиот клуб, популарната „Брада“ го предводеше својот тим до пбоеда против Орландо со трипл-дабл, заедно со Кевин Дурант искомбинираа 74 поени од вкупно 122 за својата екипа.

Бруклин запиша победа со 122-115, Харден мечот го заврши со 32 поени, 12 скока и 14 асистенции, одличен беше и Кевин Дурант копостигна дури 42 поени.

Мајами повторно со трет пораз во низа, Детроит  ги совлада со дури  20 разлика, резултатот, 100-120. Торонто подобар од Шарлот 116-113,  Мемфис – Филаделфија 106-104 и Атланта – Портланд 106-112.