Супер талентираниот Зион Вилијамсон ги надмина проблемите со повредата на коленото и се најде во составот на Њу Орлеанс во пресметката која неговиот тим ја загуби од Сан Антонио со 121:117.

Зион одигра 18 минути на паркетот и постигна 22 поени, седум скокови и три асистенции. Со ова тој дебитираше со рекорди.

Зион стана првиот во историјата на Њу Орлеанс кој дебитирал со 22 поени за 18 минути, поточно ова го оствари за помалку од 20 минути.