Кошаркарите на ЛА Лејкерс поведоа со 2:0 во финалната серија на Западот во НБА лигата против Денвер откако славеа со 105:103.

„Езерџиите“ до триумфо стигнаа со кошот на Ентони Дејвис во последната секундаод мечот. Дејвис средбата ја заврши со 31 поени и девет скокови, Леброн Џејмс уфрли 26 поени.